Годишната инфлација во eврозоната, според прелиминарните проценки, се зголеми во септември од 2% во август на 2,2%

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Годишната инфлација во eврозоната, според прелиминарните проценки, се зголеми во септември од 2% во август на 2,2%, објави Евростат.

Во услужниот сектор на eврозоната, во септември е забележана инфлација од 3,2% на годишно ниво, што претставува забрзување во споредба со 3,1% во август.

Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за 3% на годишно ниво, со побавно темпо од 3,2% во август, а цените на индустриските стоки освен енергијата за 0,8% на годишно ниво, исто како и во август.

Покрај тоа, цените на енергијата во eврозоната се намалија за 0,4 % на годишно ниво, со значително побавно темпо отколку во август, кога беше регистриран годишен пад од 2%.

Годишната стапка на базична инфлација во еврозоната е 2,3%, иста како и во август и најниска од јануари 2022 година, се додава во извештајот на веб-страницата на Евростат.

Во Германија, годишната инфлација во септември, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), се искачи на 2,4%, во Шпанија на 3%, во Италија на 1,8% и во Франција на 1,1%.

Share This Article