Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска во својот кабинет ја прими новоименуваната амбасадорка на Република Словачка во државава, Ивета Хрицова.
Соговорниците ги разгледуваа можностите за потпишување Меморандум за соработка помеѓу Охрид и Нитра,градовите од Македонија и Словачка кои ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, а имаат и приближно ист број на жители и изобилие од културни знаменитости.
Се разговараше и за учество на словачки уметници и словачка ноќ на најпрестижната културна манифестација кај нас, фестивалот Охридско Лето. Беа разменети мислења и за актуелните политиччки случувања во земјава и регионов.
Словачка е силен и искрен поддржувач на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Македонската амбасада во словачкиот град Братислава е отворена во 2021 година и е важен придонес за унапредување на билатералното партнерство помеѓу двете држави.