Неколку лица биле избодени пред синагога во Крампсол, Манчестер – и тоа токму во најсветиот ден од еврејскиот календар, Јом Кипур. Инцидентот го нарушил мирот на денот кога илјадници верници традиционално постат и се собираат во храмови, јави Би-Би-Си.
Се смета дека најмалку 4 луѓе се повредени.
– Се работи за сериозен инцидент – изјави градоначалникот на Манчестер, Енди Брнхам, додавајќи дека непосредната опасност е веќе помината, но ги повика граѓаните „да го избегнуваат подрачјето“.
Полицијата во Манчестер потврди дека осомничениот за нападот врз синагогата во Крампсал е застрелан.
„Полицијата беше повикана во синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк, на Мидлтон Роуд, Крампсал, во 9:31 часот наутро од страна на граѓанин, кој рекол дека бил сведок на автомобил кој се возел кон него, додека еден човек бил избоден со нож. Главниот полициски службеник прогласи голем инцидент во 9:37 часот наутро. Полицајците од полицијата на Манчестер испукале истрели во 9:38 часот наутро. Еден човек е застрелан, за кој се верува дека е сторителот“.
The police have shot terrorists attacking a synagogue here in Manchester. Graphic footage. I hope everyone inside is okay, it appears there is at least one victim outside. pic.twitter.com/nPTACvc0Z3
— Hayden Hewitt (@HaydenHewitt) October 2, 2025
Полицијата потврди дека реагирала на дојава за напад со нож пред синагогата, а првичните информации укажуваат дека има повеќе повредени. Северозападната амбулантна служба прогласила „голем инцидент“ и испратила екипи на терен.
„Во моментов ја проценуваме состојбата и координираме со другите служби. Примарна цел ни е брзо да им се помогне на повредените“, соопштија од службата.
Истрагата е во тек, а полицијата останува на теренот.