Бројот на жени погодени од рак на дојка во Албанија бележи постојан раст, но болеста ги напаѓа и мажите. За 2024 година, кај жените се дијагностицирани 805 нови случаи на рак на дојка, но регистрирани се и 10 мажи.
— Ракот на дојка не познава возраст, не познава пол. Ги погодува жените, но ги погодува и мажите. Доаѓа тивко, тивко додека не се појават симптоми и не започне долга и болна, но не и невозможна битка. Минатата година, дијагностицирани се 805 нови случаи на рак на дојка кај жени и 10 кај мажи, изјави за Топ чанел, Дорина Тоци, директорка на Институтот за јавно здравје.
Според неа, минатата година 224 жени ги загубиле животите, бидејќи болеста била дијагностицирана доцна.
– Ние сме земја со ниска инциденца во Европа. Но, случаите со рак на дојка се зголемуваат и во нашата земја. Инциденцата се зголемува секоја година за 2,1 процент, додава Тоци, апелирајќи да ја искористат можноста што ја дава државата за бесплатни прегледи.
На почетокот на овој месец, премиерот Еди Рама апелираше до сите жени и девојки да одат на медицински прегледи за да се спречи оваа болест.
Порака за подигање на свеста упати и шефот на државата, Бајрам Бегај, како и Диела, министерката за вештачка интелигенција, која беше облечена соодветно, во розова боја.