СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Прес конференција на СДСМ, Eлена Радеска, Комисија за здравство

СДСМ: Аларамантно лоша состојба на Онкологија: нема лекови, нема реагенси, нема апарати!

Алармантно лоша е состојбата на Клиниката за онкологија: нема терапија, нема реагенси за испитувања, а дел од апаратите за зрачење не работат.

Пациенти во животно загрозувачка состојба, се оставени сами на себе, принудени да купуваат лекови од странство и да плаќаат приватно за дијагностички анализи.

Додека граѓаните бараат спас, раководството на клиниката признава дека апаратот за гинеколошка брахитерапија не работи поради задоцнет договор за сервис.

Пациенти се одложуваат, животи се ставаат во ризик, а оправдувањата се сведуваат на тендерски процедури и дистрибутерски грешки.

Ова не е прв пат, континуирани се проблемите со недостаток на лекови, неорганизираност и импровизации откако ДПМНЕ е на власт.

Но денес, тоа веќе не е административен пропуст, туку прашање на живот или смрт за македонските пациенти.

Итна одговорност од министерот за здравство и раководството на Клиниката за онкологија. Не може институции да се правдаат со „тендери“ додека луѓето бараат спас надвор од државата.

Гаранција за континуирана достапност на сите лекови и реагенси. Никој пациент не смее да биде принуден да ги купува своите терапии приватно или во странство.

Итно ставање во функција на апаратите за зрачење и брахитерапија. Одложувањето на терапијата значи изгубени човечки животи.

Независна контрола и ревизија на целокупниот систем во онкологијата. Да се утврди каде е прекинатиот ланец и кој е одговорен.

Животот на пациентите не е бројка на тендер, ниту колатерална штета на бирократски пропусти. Додека граѓаните се борат за својот живот, државата мора да биде нивниот најсилен сојузник, а не дополнителен товар.

СДСМ ќе продолжи да ја алармира јавноста и да бара конкретни одговори. Хаосот во здравството мора да престане, а одговорноста да биде преземена веднаш!

Share This Article