Управата за хидрометеоролошки работи издаде потрокалов метеоаларм за утре, 2 октомври

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Управата за хидрометеоролошки работи издаде потрокалов метеоаларм за утре, 2 октомври.

„Ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 литри на квадратен метар, а  локално и над 50 литри на квадрат. На планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка“, се вели во предупредувањето на УХМР.

Најмногу снег се очекува на повисоките планини на северозапад. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Најстудено ќе биде во Маворо, со утринска температура од 1 степен, и дневна до само 3 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 13 степени.

Фото: УХМРа, 

Во Скопје утре времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 11 степени Целзиусови.

Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.

Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои ќе одат и во минус, а дневните ќе бидат во пораст.

Фото: УХМР

 

- Advertisement -
Ad image

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.

Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

Share This Article