Background

Компанијата и нафтоводот ЈАНАФ добија дозвола од САД да продолжат да соработуваат до тој датум

Српската нафтена индустрија објави дека Министерството за финансии на САД писмено потврдило дека на 30 септември е издадена посебна лиценца, со која НИС може непречено да работи до 8 октомври. Истата информација ја потврди и хрватскиот нафтовод ЈАНАФ.

Новата посебна лиценца ѝ овозможува на српската нафтената компанија да работи до 8 октомври по што треба да стапат на сила целосните санкции, За нафтоводот ЈАНАФ пак тоа значи дека ќе може да пренесува сурова нафта за српската нафтена индустрија.

Од НИС  за српските медиуми изјавија дека е поднесен амандман на барањето за отстранување од листата на SDN (Специјално назначени државјани). Ова е долг и сложен процес, а првичното барање е испратено на 14 март оваа година.

- Advertisement -
Ad image

Хрватскиот нафтовод ЈАНАФ, пак, потврди дека добил дозвола да продолжи со извршувањето на договорот за транспорт на сурова нафта за српската нафтена индустрија до 8 октомври и најави дека, преку својот адвокат во САД и со поддршка на хрватската влада, ќе контактира со Бирото за контрола на странски средства OFAC за да добие продолжување на лиценцата.

„Можноста за продолжување на лиценцата по 8 октомври 2025 година во голема мера ќе зависи од понатамошните активности што ќе ги преземе НИС кон надлежните американски институции“, се вели во соопштението на ЈАНАФ.

Од ЈАНАФ, меѓу другото, наведуваат дека во овој момент не е можно да се предвиди времетраењето на санкциите на Министерството за финансии на САД врз НИС, а со тоа и нивното влијание врз работењето на таа компанија.

– Компанијата ќе продолжи да го следи развојот на настаните во постојан контакт со корисникот на системот и другите клучни акционери. Исто така, ќе продолжи да презема сите достапни активности според надлежните органи, како и со разработка на бизнис модели за да се обезбеди стабилно работење на компанијата, со цел одржување на бизнисот на ниво што гарантира задоволство на акционерите, деловните партнери и вработените во иднина – изјавија од  ЈАНАФ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation