Морски биолог од Мексико беше сериозно повреден кога беше нападнат од ајкула додека нуркаше покрај брегот на Костарика, соопштија властите денес.
Инцидентот се случил во понеделник кај островот Кокос, а противпожарната служба го превезла повредениот биолог, Маурисио Хојос, во болница во главниот град Сан Хозе, оддалечен 340 милји, објави CBS News.
И покрај сериозните повреди на главата и нозете, Хојос беше однесен во болница во стабилна состојба.
Доктор од противпожарната служба изјави дека Хојос бил нападнат од ајкула од 13 стапки (4 метри).
Морскиот биолог водеше научна експедиција предводена од коалицијата „Еден океан во светот“.
„Инциденти како овој се исклучително ретки“, рече Алекс Антониу, функционер во организацијата.
Тигреста ајкула нападна и уби Американка во близина на истиот остров во 2017 година, а нејзиниот нуркач водич беше сериозно повреден.
Локалните власти во тоа време изјавија дека тоа е прв напад на ваков вид ајкула во областа.
Областа е дом на 14 видови ајкули, што ја прави популарна кај нуркачите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
