Британски „Сандеј тајмс“ објави слики за кои тврди дека се од 13 руски офицери обвинети за масакрот во Буча во Украина

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британски „Сандеј тајмс“ објави слики за кои тврди дека се од 13 руски офицери обвинети за масакрот во Буча во Украина. Меѓу нив е и „месарот“ Азатбек Омурбеков, командант на 64-та бригада, кого САД веќе го поврзуваат со убиства, силувања и мачења.

– Омурбеков бил главниот координатор на операциите во северна Буча и се смета за еден од најодговорните за масовните погубувања – изјави истражител за „Сандеј тајмс“.

Офицерите, заедно со уште 12 команданти, се именувани во британскиот истражувачки извештај со целосни фотографии, титули и наводни злосторства, пренесе Б92.

Истрагата, според „Сандеј Тајмс“ ја воделе независни правници и истражители користејќи отворени извори, сведоштва на преживеани и украински безбедносни извори. Офицерите се идентификувани по рангови, командни зони и врз основа на нивната директна или индиректна улога во теророт над цивилите.

На листата се и генералот Валериј Солодчук, полковник Артем Городилов и други високи функционери на руската армија. Некои се веќе под санкции, а други се предмет на барања за апсење од меѓународни судови.

„Ова е прва објава. Следуваат нови имиња и барања за екстрадиција“, стои во извештајот.

Русија продолжува да тврди дека „Буча е исценирана“.

Мислењата за масакрот во Буча уште во април 2022 година ја поделија светската јавност, но и самите медиуми. Некои западни медиуми, меѓу кои и Би-Би-Си, дури го користеа зборот „геноцид“, опишувајќи ги сцените како едни од најморничавите по Втората светска војна.

Украинската страна обвини дека руските сили извршиле масовни егзекуции врз цивили, жени и деца, при повлекувањето од градот. Руската страна, пак, категорично го негираше тоа, нарекувајќи го „инсценирана измама“ со цел пропаганден удар.

- Advertisement -
Ad image

Британските медиуми го третираа случајот како типичен пример за воени злосторства од најтешка категорија, организирани, систематски и со директна одговорност од највисоките командни структури.

Share This Article