Background

Ѕвездата од 90-тите танцувала, па паднала од терасата пред нејзината ќерка

Објавена е целосна снимка од внатрешните безбедносни камери, која ги прикажува моментите пред смртта на популарната турска пејачка Ѓулу (51) и разјасни бројни сомнежи.

Популарната пејачка паднала од прозорецот на балконот од нејзиниот стан на петтиот кат во Јалова, а обдукцијата потврдила дека нема траги на насилство на телото.

На социјалните мрежи имало бројни дискусии за тоа зошто недостасува двоминутен дел од снимката – од моментот кога Ѓулу ја напуштила бањата до нејзиниот пад. Истрагата утврдила дека прекинот се должи на техничките карактеристики на самата камера.

- Advertisement -
Ad image

Имено, безбедносната камера имала функција што автоматски ги исклучува музичките тонови и ги нагласува човечките гласови. Затоа, за време на прегледот на снимката, звукот на музиката од телевизорот е пригушен, додека човечките гласови се снимени појасно.

Според наодите од обдукцијата, на телото на Ѓулу не се пронајдени траги од траума или знаци на насилство. Евидентирани се само повреди што се однесуваат на пад од голема висина.

Турската пејачка Ѓулу, позната по своите ромски мелодии од 1990-тите, починала на 51-годишна возраст откако паднала од балконот на нејзиниот стан во Чинарчик. Нејзиниот син Тугберк Јагиж ги негирал гласините за самоубиство во видео порака на социјалните мрежи:

– Ја објавувам оваа тажна вест. Мојата мајка, почитуваната уметница Ѓулу, почина во трагична несреќа синоќа. Гласините за самоубиство што кружат се лажни. Ќе ве информираме за деталите од погребот тука. Нека почива во мир – рекол тој.

Понатамошната истрага утврдила дека површината под терасата била свежо измиена со вода со сапуница, па затоа е земена изјава и од лицето кое го чистело просторот. Истражителите претпоставуваат дека пејачката ја изгубила рамнотежата токму поради лизгавиот под.

Ќерката на пејачката, Тујан Улкем, изјавила во обвинителството:

– Таа вечер, на 26 септември, вечеравме дома и гледавме филм. Подоцна, околу 1:20 часот, јас и мојата другарка Султан се повлековме во мојата соба. Мама набрзо влезе и почна да танцува на ромска музика. Додека танцуваше, се лизна и падна низ отворениот прозорец – рекла Тујан.

Која беше Ѓулу?
Вистинското име на Ѓулу е Ѓулу Озер. Родена е во 1973 година во населбата Касим Паша во Истанбул. Имала тешко детство, а кариерата ја започнала уште како тинејџерка, настапувајќи во ноќни клубови и сали за венчавки. Се здобила со слава во текот на 1990-тите благодарение на ромските мелодии што ја направиле позната низ цела Турција. Со текот на годините, таа станала една од најпознатите и најомилените пејачки, оставајќи неизбришлив белег на музичката сцена.

По стапувањето во брак, таа се повлекла од сцената некое време и се посветила на своето семејство. Со сопругот имала две деца, а по разводот во 2000 година ѝ се вратила на музиката и продолжила да ја гради својата кариера.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation