Background

Планот на Белата куќа им нуди безбеден излез на борците на Хамас

Белата куќа го објави „сеопфатниот“ план на претседателот Доналд Трамп за завршување на војната во Газа.

Планот има 20 точки, а една од главните е дека ако завршат борбите, Газа ќе биде ставена под контрола на преодна влада предводена од Трамп, во која ќе биде вклучен и поранешниот британски премиер, Тони Блер.

Планот на Белата куќа опишува низа чекори за кои се тврди дека ќе доведат до крај на воениот конфликт во Газа меѓу Хамас и војската на Израел. Вклучува дека сите заложници ќе бидат вратени, и живите и мртвите, во рок од 72 часа откако Израел ќе го прифати договорот.

- Advertisement -
Ad image

За возврат, палестинските затвореници што се држат во Израел, исто така, ќе бидат ослободени.

Потоа, според Белата куќа, борците на Хамас ќе се обврзат на „мирна коегзистенција“, со можност да ја напуштат Газа преку „безбеден премин“, доколку така одлучат.

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се обратија до јавноста по состанокот одржан во Белата куќа.

– Тукушто разговаравме за прекин на војната во Газа, Иран, трговијата, Абрахамовите договори, за пошироката слика за мир на Блискиот Исток. Ние сме, барем, многу, многу блиску. И мислам дека сме повеќе од многу блиску – рече Трамп.

Трамп рече дека е многу благодарен на Нетанјаху што се согласил со планот за Газа.

Според планот што го презентираше Трамп, арапските и муслиманските земји ќе се обврзат на демилитаризација на Газа и деактивирање на воените капацитети на Хамас и на сите други терористички организации.

Трамп додаде дека, според сите извештаи, Хамас е исто така блиску до согласност за планот, иако предупредува „дека сè уште е можно да не го прифатат“.

– Сите страни ќе се согласат за временска рамка за повлекување на израелските сили во фази – рече Трамп.

Доколку Хамас не го прифати планот, „Израелците имаат право и целосна поддршка од САД да ја завршат работата за уништување на заканата од Хамас“, додаде Трамп.

Трамп објави дека неговиот план предвидува „Комитет за мир“, меѓународно тело што ќе го управува тој самиот и лидерите од другите земји во комитетот. Поранешниот британски премиер Тони Блер исто така ќе биде во него, објави тој.

– Хамас и другите терористички фракции нема да играат никаква улога во тоа тело и нема да имаат никаква улога во идното управување со Газа, директно или индиректно, или воопшто – појасни Трамп.

Тој додаде и дека Нетанјаху бил „многу јасен во своето противење на палестинска држава“ и ги критикуваше земјите што „глупаво“ ја признале државата Палестина.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation