Секој оној, кој на било каков начин и во било каква форма има поврзаност со случајот во Кочaни треба да биде изведен пред лицето на правдата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид во градежни активности на улицата 8 Септември во Градско.
Прашан за коментар за новата сторија на ИРЛ, во која се тврди дека има вмешаност на даночни инспектори во случајот Кочани, а не биле опфатени со обвинението, премиерот нагласи дека случајот го води обвинтелството, односно државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
– Видовте и вие изминатиот период, 12-тина обвинители работеа на овој случај. Ако е прашањето дали сум задоволен од работата на Обвинителството, мојот одговор е дека не сум задоволен. Токму тоа беше причината зошто поддржавме во Парламентот смена на Коцевски, а зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа смената на Коцевски тоа е друго прашање – изјави Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
