Со првиот лет што полета денеска во 6.25 часот од Скопјe до Штутгарт, „Визер“ отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со првиот лет што полета денеска во 6.25 часот  од Скопјe до Штутгарт, „Визер“ отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија, соопшти ТАВ Македонија.

Авиокомпанијата ќе лета од Скопјe до Штутгарт 3 пати неделно, секој понеделник, среда и петок. Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопјe, односно до 24 октомври, времето на полетување од Меѓународниот Аеродром Скопјe во понеделник и петок е 06.25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11.10 часот по локално време. Во среда, патниците ќе полетуваат во 06.30 часот, а ќе слетуваат во 11.10 часот по локално време.

Во зимската сезона, патувањата ќе се одвиваат во понеделник, среда и петок, но сите летови со исти времиња на полетување и следување, односно 06.30 часот  со 11.30 часот по локално време.

Со додавањето на Штутгарт на мапата на рути на скопскиот аеродром, „Визер“ има вкупно 9 рути до 9 градови во Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.

Линијата е дел од договорот со Владата.

Share This Article