Министерката за туризам на Црна Гора, Симонида Кордиќ, е тешко повредена во сообраќајна несреќа што попладнево околу 14:45 часот се случила на автопатот кој води од Драгаљ кон Грахово и Рисно, потврди Полициската управа.
Од Управата соопштија дека Кордиќ била патник во службено возило на Министерството за туризам, марка мерцедес, кое го управувал возач вработен во институцијата. При судирот биле вклучени уште две возила, а несреќата се случила по еден од тунелите на патот во Драгаљ.
Покрај министерката, повредена е и една жена со иницијали С.Ч., која се наоѓала во друго возило.
„Министерката Кордиќ е веднаш пренесена во Клиничкиот болнички центар во Котор, каде е хоспитализирана со тешки повреди. Второто лице е сместено во Специјалната болница ‘Васо Ќуковиќ’ во Рисно и според лекарите има полесни повреди“, соопшти полицијата.
Од Полициската управа додаваат дека причините за несреќата се сè уште се испитуваат, а увид на местото вршат надлежните служби.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
