Експертите за сајбер безбедност ги предупредуваат корисниците на паметни телефони за три апликации кои, иако навидум безопасни, собираат лични податоци без знаење на корисникот.
Овие апликации често се претставени како корисни алатки, но во позадина можат да собираат чувствителни информации, објавува Вечерњи.
Експертите препорачуваат корисниците внимателно да ги разгледаат дозволите што апликациите ги бараат за време на инсталацијата и да преземаат апликации само од доверливи извори. Исто така, редовното ажурирање на апликациите и оперативниот систем може да го намали ризикот од неовластено собирање податоци.
Апликации со фенерче
Иако повеќето паметни телефони доаѓаат со вградена функција за фенерче, дополнителните апликации за оваа намена може да побараат непотребни дозволи, како што се пристап до контакти или локација. Според извештајот на Wired, некои од овие апликации постојат за собирање лични податоци на корисниците.
Апликации за времето
Иако е разбирливо дека ваквите апликации треба да пристапат до вашата локација за да обезбедат точни информации, некои од нив собираат и дополнителни информации како што се име, е-пошта или дури и поштенска адреса. Експертите советуваат претпазливост при користење на вакви апликации и препорачуваат проверка на локалната временска прогноза преку сигурни извори.
Популарни игри
Некои популарни игри, како што е „Angry Birds“, може да собираат лични информации на корисниците и да ги споделуваат со трети страни. Според извештаите, дури и разузнавачките агенции како NSA ги хакирале базите на податоци на ваквите игри поради големата количина на собрани информации.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖