Секс-забава завршила со брутални измачувања

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Аргентинска нарко-банда мачела и убила 3 девојки пред широка публика, додека садистичкиот чин бил пренесуван во живо преку затворена група на Тик Ток, обзнани полицијата во Аргентина. Телото на 15-годишната Лара Гутиерез е пронајдено без прсти, Морења Верди била задавена со кеса, додека Бренда дел Кастиљо била пронајдена со расечен стомак.

Според истрагата, најмалку 45 луѓе гледале сцени на кастрирање, давење и силување на младите жени кои, според локалните медиуми, биле лажно обвинети дека украле дрога.

Жртвите биле намамени во куќа на периферијата на Буенос Аирес, околу 32 километри од местото каде што живееле. Бруталното убиство било наредено од водач на криминална организација, за кого се смета дека е државјанин на Перу и дека побегнал од земјата.

– Сѐ (што истраживме)  ни укажува дека тој сакал да испрати порака до другите дека „ова ќе ви се случи ако ми украдете дрога“ – појасни министерот за безбедност на провинцијата Буенос Аирес, Хавиер Алонсо.

Тој дополни дека последен пат девојките биле видени во петокот вечерта, кога доброволно се качиле во возило, мислејќи дека одат на забава.

– Телата ги откривме 5 дена подоцна, закопани во дворот на куќата.

 

Во истата акција полицијата открила две жени како чистат траги од злосторството, а запаленото возило во кое жртвите биле превезени било пронајдено на стотина метри од куќата.

Тешки детали од истрагата откриваат дека најмладата, Лара Гутиерез, останала без сите 5 прсти на левата рака, додека Бренда дел Кастиљо имала скршен череп и расечен стомак. Морена Верди, 21 година, била задавена со пластична кеса. Претходно, на сите им биле понудени по 300 долари да присуствуваат на „сексуална забава“.

- Advertisement -
Ad image

– Ова е најгнасниот случај со кој некогаш сме се соочиле – изјави обвинител од Буенос Аирес.

Јавноста ја потресе и апелот на Хосефина дел Кастиљо, тетка на две од жртвите:

– Тоа беа три млади девојки. Три семејства денес се уништени. Ако некој има информации, молиме да се јави на полицијата – рече таа, додавајќи:

- Advertisement -
Ad image

– Ви благодарам што не осудувавте. Никој не го заслужува крајот што тие го добија. Секој живот вреди.

Четири лица се уапсени, а осуммина осомничени се приведени. Меѓу нив има тројца Аргентинци и еден Перуанец. Според полицијата, истрагата е во напредна фаза.

Share This Article