Американскиот претседател Доналд Трамп на ѕидот пред Овалната соба поставил галерија 46 поранешни претседатели на САД, но намерно го изоставил Џо Бајден, јави Ројтерс. Кај рамката за Бајден, стои фотографија од познатиот уред кој го користел Бајден, но и други претседатели – автоматско пенкало(автопен) кое го имитира потписот на претседателот во случај да треба да се потпише документ кога претседателот е отсутен.
Со овој чин, Белата куќа се мајтапи со одлуките на Бајден, коментира Ројтерс. Анонимен претставник од Белата куќа за медиумот изјавил дека идејата да се замени портретот била лично на Трамп.
Автопенот, уред што го реплицира потписот за формални документи, всупност, е користен од сите партии. Но, Трамп редовно го користи како повод за напади, сугерирајќи дека Бајден не е ментално подготвен сам да потпишува. Често го обвинува дека одлуките ги носат неговите соработници, а не тој.
– Бајден има целосна контрола врз своите потписи, но и врз функцијата – велат од неговиот тим, одбивајќи да коментираат за „новата уметничка постава“.
„Претседателската Алеја на славните“ е новата атракција што Трамп ја лансирал како дел од својот порив да ја редизајнира Белата куќа – во духот на „луксузно, но без траг од Демократите“.
Откако ја презеде функцијата во јануари, Трамо ги тргна портретите на Барак Обама и на Хилари Клинтон, го замени традиционалниот Розов Градинар со камен поплочен двор и сега, симболично, го „избриша“ својот претходник Џо Бајден.
Фотографиите од прошетката на Трамп крај „ѕидот на славните“ 46 претседатели на САД беа објавени на официјалниот профил на Белата куќа на Икс. На нив се гледа како Трамп задоволно го разгледува рамот без ликот на Бајден.
„Ова е нова провокација со стар потпис“, велат анонимни извори блиски до поранешната администрација.