Background

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел предлага создавање Совет за безбедност на ЕУ, во чија надлежност би биле одлуки поврзани со одбраната на Унијата

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Шарл Мишел предлага создавање Совет за безбедност на ЕУ, во чија надлежност би биле одлуки поврзани со одбраната на Унијата.

Во колумна во францускиот весник Експрес, Мишел наведува дека тоа тело би требало да функционира по моделот Советот за безбедност на Обединетите Нации, со постојани членови и ротирачки непостојани членови и би можело да послужи како основа за создавање на идна европска кибер армија.

„Седумдесет и пет години по Шумановата декларација, предизвиците, и внатрешните и глобалните, создаваат колаж од сложеност каква што немало од крајот на Втората светска војна – климатска криза, трансформација на генеративната вештачка интелигенција и брутално доведување во прашање на глобалниот поредок заснован на Повелбата на Обединетите Нации,“ пишува Мишел.

- Advertisement -
Ad image

Според него, сите овие предизвици ја доведуваат денешната генерација пред потребата од носење храбри и неопходни одлуки, со што ќе ѝ се даде нов импулс на Европската Унија и ќе се почитуваат заложбите за демократија, мир и за просперитет.

„Зајакнувањето на суверенитетот и отпорноста на Европската Унија мора да биде опсесија на нашата генерација. Нашиот најдобар компас за тоа е Стратешката агенда, усвоена од 27-те шефови на држави или влади (на членките на ЕУ) во јуни 2024 година“, истакнува Мишел.

Тој во колумната потенцира и дека ЕУ мора под итно да ја зајакне својата конкурентност и да го ослободи иновативниот потенцијал на блокот, преку поедноставување и елиминирање на бариерите на внатрешниот европски пазар.

„Ни треба паметна регулатива, и европска и национална, што ќе обезбедува стабилна и предвидлива рамка за нашите бизниси и ќе воспостави еднакви правила на игра. Денес, нашите сложени и прецизни регулативи го задушуваат духот на иновациите и претприемништвото и стануваат контрапродуктивни“, заклучува Мишел.

Покрај, споменатите Совет за безбедност и кибер армија, Мишел предлага и создавање Фонд за сувереноста на ЕУ, како и измени во начинот на носење одлуки во блокот, преку промена на правилата за користење на правото на вето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation