Наставник по музичко избоден во Франција за време на час, напаѓачот 14-годишно момче

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Наставник по музичко во основно училиште во источна Франција е избоден во лицето денес за време на час и е во критична состојба, објави BFM TV.
Наставникот (66), жртва на нападот, е хоспитализиран и е во критична состојба.

Напаѓачот, според BFMTV, е 14-годишен ученик и бил уапсен кратко време по нападот.

Жандармеријата соопшти дека напаѓачот се обидел да избега и се избодел за време на апсењето.

Младиот човек бил префрлен со хеликоптер во локална болница и е во критична состојба, дознава BFM TV од извор близок до истрагата.

Осомничениот наводно е ученик кој бил сместен во дом и бил познат во неговото училиште по пишувањето нацистички графити.

Мотивот за нападот сè уште не е познат.

Учениците во основното училиште „Роберт Шуман“ биле евакуирани и собрани во сала кратко време по нападот.

Тие се под жандармерска заштита, а на нивните родители им е кажано дека можат да дојдат и да ги земат своите деца.

Министерката за национално образование и млади на Франција, Елизабет Борн, остро го осуди нападот.

- Advertisement -
Ad image

„Ја изразувам мојата солидарност со наставникот и училишната заедница. Единицата за итни случаи е активирана за да им обезбеди поддршка на сите ученици и персонал“, рече таа.

Share This Article