Цените на нафтата утрово порасна, а вредноста на акциите на берзите паѓаат. Падна и вредноста а еврото, а доларот стагнира.
На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 0,18% на 67,75 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,22 проценти, на 63,55 долари.
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 97,33 поени, додека вчера во ова време беше 97,32 поени.
Цената на еврото се лизна од вчерашните 1,1805 на 1,1795 долари.
Американската валута зајакна во однос на јапонската, па курсот на доларот достигна 147,90 јени, додека вчера во ова време беше 147,75 јени.