Македонија, која е помеѓу малцинството на земји, кои не ја признале Палестина, засега нема да го прави тоа.
Според министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, Македонија треба да биде дисциплинирана и внимателна, а не имплусивна при донесување на таква одлука.
Тој за телевизијата Сител од Њујорк, САД, каде учествува на 80. Генерално собрание на бединетите нации, вели дека земјава за признавањето се консултирала со стратегиските партнери – САД (кои се против признавање) и Европската Унија (неколку земји од Унијата деновиве ја признаа Палестина).
Според него, моментално и во Унијата немало консензус за тоа прашање.
– Внимателно ја следиме состојбата. Без никаков сомнеж сме длабоко загрижени од состојбите што се случуваат од гледна точка на меѓународно хуманитарно право во Газа и нема никакви дилеми по однос на нашите позиции за тоа прашање. Сите гледаме што се случува и тоа е несоодветно за 21 век, но тоа не значи дека треба импулсивно и емотивно да реагираме за вакви прашања во делот на позиционирањето на нашата надворешна политика – рече Муцунски.