Москва да престане да ги крши воздушните прописи, предупреди Алијансата

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

НАТО, по денешниот состанок на барање на Естонија, ја предупреди Русија да престане да го нарушува воздушниот простор долж нејзиното источно крило.

Во соопштението на Алијансата се наведува дека три руски воени авиони Миг 31 на 19 септември навлегле во воздушниот простор на Естонија и се задржале повеќе од 10 минути, додека сојузничките авиони не ги испратија надвор од естонскиот простор.

„Русија сноси целосна одговорност за овие дејствија, кои се ескалирачки, ризикуваат погрешна процена и загрозуваат животи. Тие мора да престанат“, се наведува во соопштението на Северноатлантската алијанса.

НАТО во соопштението посочува дека Русија не треба да се сомнева во одлучноста на сојузниците.

„Русија не смее да се сомнева: НАТО и сојузниците, во согласност со меѓународното право, ќе ги користат сите потребни воени и невоени средства, за да се одбранат и да ги одвратат сите закани од сите правци. Ќе продолжиме да одговараме на начин, во време и во домен по наш избор. Нашата посветеност на Член 5 е несомнена“, се наведува во соопштението.

Северноатлантскиот совет во рок од 2 недели 2 пати одржува консултации по Член 4 од Договорот за НАТО. Претходно одржа консултации по нарушување на полскиот воздушен простор од страна на беспилотни летала. Според Алијансата, регистрирани се нарушувања и на воздушниот простор на Естонија, Финска, Летонија, Литванија, Норвешка и на Романија, што, според сојузниците, „укажува на шема на провокативни и ризични дејствија“.

НАТО најави дека ќе ги зајакне капацитетите за одвраќање и за одбрана, вклучително и ефикасни противвоздушни мерки и дека ќе ги користи сите расположливи воени и невоени инструменти во согласност со меѓународното право, за да го заштити територијалниот интегритет на своите членки.

Северноатлантската алијанса истакна дека ваквите прелети ја деградираат безбедносната состојба во регионот и ја тестираат подготвеноста на најблиските земји-членки. НАТО соопшти дека ќе продолжи да реагира „на начин и во време што самите ќе го одбереме“ и дека гаранцијата за колективна одбрана според Член 5 е несомнена.

Алијансата, исто така, соопшти дека нема да дозволи вакви и слични неодговорни потези на Русија да ја одвлечат од нивната трајна посветеност на поддршката на Украина.

- Advertisement -
Ad image

„Безбедноста на Украина придонесува за нашата безбедност, а Украина има вродено право на самоодбрана од бруталната и неиспровоцирана војна на агресија што ја води Русија“, се посочува во соопштението на НАТО.

Share This Article