Во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството, најголемо учество има Југоисточниот Регион со 31,6%, потоа Пелагонискиот со 27,8%, додека најмало учество има Југозападниот Регион со 2%, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика за 2023 година.
Во создавањето на вредноста на растителното производство, најголемо учество има Југоисточниот Регион со 32,8%. Пелагонискиот Регион има најголемо учество во создавањето на вредноста на добиточното производство со 20,8%.
Извор; ДЗР