Background

Николоски најави реконструкција на автопатот „Пријатели“ и на скопската обиколница

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, денеска пред превозниците организирани во Макамтранс, ги презентира крупните стратешки проекти со кои ќе се забрза растот на транспортот и логистиката во земјава.

Тој рече дека е задоволен од растот на секторот транспорт и логистика од 6,1% во вториот квартал од годинава бидејќи тоа говори дека секторот расте и се развива, но државата, како што рече, работи на стратешки проекти за подобрување на условите за тој развој.

Николоски најави реконструкции на автопатишта и проширување на гранични премини.

- Advertisement -
Ad image

– Следната година ќе се реконструира поголемиот дел од автопатот „Пријатели“, како и обиколницата на Скопје, а ќе се заврши и изградбата на автопатот од Коридорот 10Д, од Прилеп до Битола со што ќе се придонесе за забрзување на протокот на стоки и услуги низ државата и ќе се овозможи подобар пристап кон граничниот премин со Грција. На запад се работи на автопатот од Коридорот 8 кој ќе се поврзе со автопатот Кичево – Охрид и граничниот премин Ќафасан кој ќе се прошири, а се работи и на источниот дел од Коридорот 8 и веќе се проширува преминот Деве Баир – рече тој.

Николоски како мошне значаен го спомена и логистичкиот јазол кај Трубарево, кој како што рече ќе прерасне во земјено пристаниште на регионот.

– Работиме на мултимодуларен јазол во постојниот кај Трубарево и во продолжение со пресекот на двата коридора кој треба да прерасне во централен во регионот. Првата фаза стартува следната година со изградба на инфраструктура од страна на државата, а во 2027 година треба да биде готов проектот за проширување со цел тоа да стане пристаниште на суво – рече тој.

Како значајно за превозниците го спомена воведувањето на електронскиот систем ЕТИАС и решавањето на проблемот со електронската евиденција на ЕУ, проблем кој, како што рече, брзо треба да се реши.

Николоски најави и законски решенија за сообраќајот на брзите пратки и логистиката.

На настанот присуствуваа и директорот на Царинската управа Бобан Николоски и Амире Јакупи Кадри, директорка на Државниот инспекторат за транспорт.

На средбата е промовирана апликација за годишни ЕКМТ дозволи за 2026 година, а се одржува и мини саем на кој се претставени ВИП членки и соработници на Макамтранс со услуги и производи за вршење на дејноста.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation