Пазарниот инспекторат редовно прави анализа на цените, поврзани со основната егзистенција на една просечна македонска фамилија. Мислам дека цените се веќе стабилизирани и имаат мал пад надолу. Ако видиме дека има непазарно однесување од страна на одредени трговци, производители или дистрибутери, Владата ќе биде спремна со мерки што ќе значат и некое ограничување на цени.
Ова го истакна денеска заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, во Кавадарци, одговарајќи на новинарски прашања.
– Ние преку Економско социјалниот совет имаме поднесено просечна потрошувачка кошничка, изработена од релевантни податоци од Заводот за статистика и релевантни институции, вклучувајќи го и Министерството за економија и пазарна инспекција. Така што очекуваме и од синдикатите, да имаме повратен одговор. И доколку е во ред, во наредниот период, да биде изгласана просечната потрошувачка кошничка – рече Ристески.
Тој нагласи дека се подобрува економската ситуација.
Ристески беше во работна посета на Кавадарци, при што се сретна со претставници на бизнис секторот и занаетчиите.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
