Полска пријави појава на високо патоген птичји грип H5N1 на две живинарски фарми, соопшти во понеделник Светската организација за здравје на животните (WOAH).
Вирусот е откриен на фарма за гуски и фарма за мисирки во градот Суш и уби околу 4.000 птици, соопшти WOAH, повикувајќи се на извештај од полските власти.
Варшава го сопрела вирусот H5N1 во мај, според WOAH.
Вирусот оттогаш повторно почна да се шири во Европа, а од крајот на август, Норвешка, Германија, Португалија и Бугарија пријавија птичји грип. Кон средината на јули, болеста се појави и на фарма за мисирки во Шпанија.
Птичјиот грип обично се шири меѓу живината во Европа на почетокот на есента, забележува Ројтерс.
Варшава минатата недела изјави дека се надева дека ќе ги продолжи испораките во Кина во рок од еден месец по потпишувањето на договорот со Пекинг. Извозот беше суспендиран поради ширењето на птичјиот грип во 2024 година.
Вредноста на извозот на полска живина во Кина се проценува на две милијарди злоти (470,69 милиони евра).