Еден од најпознатите регионални нутриционисти, д-р Момчило Матиќ, во подкастот на „Емпаер Стејт Балкан“ (Empire State Balkan) остро предупреди за навиките што многумина ги сметаат за безопасни.
– Рафинираниот шеќер е најштетната храна во историјата на човечката цивилизација – вели тој, нагласувајќи дека последиците од консумирањето одат многу подалеку од таложењето на вишок килограми.
Матиќ нè потсетува дека првото нешто што го внесуваме во нашето тело „го поставува тонот“ за целиот ден и влијае на енергијата, расположението и концентрацијата. А најчестите грешки, тврди тој, се скриени во современите навики.
– Ако мислите дека појадок се кафе и кроасан или, уште полошо, житарки со млеко и многу шеќер, грешите и му нанесувате штета на вашето тело – истакнал докторот.
Првиот чекор, вели тој, е наједноставен: чаша чиста вода на празен стомак.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖