Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕЕСЕТ И ВТОРАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ шеесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 29.09.2025 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 61-та седница
- Предлог-oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.
- Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.
- Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.
- Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.
- Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерство за економија и труд – Државен инспекторат за труд.
- Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.4266/1 КО Охрид 4 и Кп.бр.4265/1 КО Охрид 4.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.
- Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на водотек река Сушица опфатена во Деталниот урбанистички план за УЗ 11, УБ 11.5 општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација во ЛУПД за ГП бр.1 со основна класа на намена А4 – градби за времено сместување на КП.бр.2751/4 и КП.бр.2751/5 и други во КО Коњско, Општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.5 и ГП 1.6 од ДУП Урбана Заедница 9, Урбан Блок 9.2 – Охрид, Општина Охрид.
- Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.7 во УПВНМ на дел од Туристички локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, опфат 3, плански период 2010 – 2020, општина Охрид.
ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-22.09.2025 год.
О х р и д