Се ограничуваат програмите за „златна виза“ за инвеститори

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европските земји сè повеќе ги ограничуваат програмите за „златна виза“ за странски инвеститори, наспроти   САД кои воведуваат нови опции за богатите за да ги привлечат да се преселат во земјата.

Целта на европските мерки е да се намали негативното влијание на странските инвестиции врз локалниот пазар на недвижности, особено на популарни дестинации како Лисабон.

Во 2023 година, Португалија ја укина можноста за стекнување постојан престој во земјата преку купување недвижности, но алтернативите остануваат на сила.

Инвеститорите сега мора да инвестираат најмалку 500.000 евра во одобрени инвестициски фондови или капитални проекти со повеќе од 60% домашни средства во Португалија, вклучувајќи обврзници, акции и локални проекти како што се земјоделството и соларни панели. Донациите за непрофитни организации бараат помалку, од 200.000 до 250.000 евра, во зависност од регионот.

Во Грција, можно е да се добие постојан престој со купување станбен имот во вредност од 400.000 до 800.000 евра или со инвестирање од 250.000 евра во комерцијална зграда чија намена ќе се промени во станбен простор.

Италија нуди инвеститорска виза од 2017 година, со минимална инвестиција од 250.000 до два милиони евра, вклучувајќи донации за јавни цели.

Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез минатата година ја заврши својата програма за златни визи за странски купувачи на имоти во обид да го зголеми бројот на достапни станови за локалното население.

Програмата, која им даваше дозволи за престој на граѓани кои не се членки на ЕУ, а кои инвестираат најмалку 500.000 евра во куќа во Шпанија, привлече илјадници луѓе. Инвеститорите беа главно од Кина, Русија, САД и Велика Британија. Како и некои слични програми, таа беше лансирана по финансиската криза од 2008 година, кога Шпанија очајно имаше потреба од средства, но стана политички товар за Санчез.

Ирска ја заврши својата програма „златна виза“ во февруари 2023 година по преглед на нејзината соодветност. Програмата ја воведе ирската влада во 2012 година за граѓани на земји надвор од Европската Унија со лично богатство од најмалку два милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

Аналитичарите проценуваат дека европските ограничувања укажуваат на промена во стратегијата кон странските инвеститори – фокусот е на економски придобивки кои не се штетни за домашниот пазар.

Share This Article