Background

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите.

Ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво казната е 40 евра. За возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот.

Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите кои ќе поминат на црвено или непрописно ќе паркираат, а кои ќе се ловат со камерите на проектот Сејф сити.

Какви се правилата во европските земји?

- Advertisement -
Ad image

Во Франција, користењето на тротинети на тротоари е забрането, освен ако градоначалникот не даде дозвола. Доколку не се почитува ова правило, казната изнесува околу 135 евра. Покрај тоа, возачите на тротинети во Франција не смеат да носат слушалки за време на возење.

Во Литванија, законот предвидува казни за пешаци кои користат мобилен телефон или се занимаваат со уред на мобилна комуникација додека поминуваат улица преку пешачки премин. Казната може да изнесува до 40 евра.

Во Хрватска, корисниците на тротинети не смеат да возат по тротоари, по пешачките премини или по пешачки зони, освен ако знаците не укажуваат поинаку. Во Хрватска исто така е забрането носење слушалки/хај-фај слушалки на двете уши.

Во Данска, користењето на тротоарите, пешачките премини или патеките наменети за пешаци е исто така забрането за тротинети. Казните за кршење на овие правила може да бидат значајни, до 130-140 евра, во зависност од прекршокот.

На Балканот изгледа имаме најригорозни правила

Во Бугарија неодамна беа усвоени измени во Законот за сообраќаен ред кои вклучуваат и тротинети како електрични возила. Една многу значајна промена е дека возачите на тротинети не смеат да користат мобилен телефон додека возат. Дополнително, тротинетистите мора да симнат тротинетот и пешачки да преминат на пешачки премин (да не возат преку него).

Во Грција возачите на овие возила смеат да користат мобилен телефон само ако е обезбеден hands-free уред; користењето на слушалки и аудио уреди на двата уши е забрането при возење. Кога е на пешачки премин, ако создаваа опасност за пешаците, возачот мора да го симне тротинетот и да го премести пешки, освен ако се регулира поинаку во локалните правила.

Во Тирана се воведени правила за возачи на електрични тротинети, со кои се бара возење по десната страна, почитување на пешачките премини со пешачење и забрани за ненадејни променливи возни маневри. Но, казните се мали, околу 3 до 9 евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation