Најтрофејниот европски клуб реши да не прати ниту еден претставник на престижната церемонија во Париз, откако Винисиус Жуниор повторно остана со празни раце, јави „Би-Ин Спортс“.
Реал Мадрид вечерва нема да присуствува на доделувањето на „Златната топка“ во Париз, ниту со претставници на управата, ниту со официјална делегација. Одлуката ја донел лично претседателот на клубот, Флорентино Перез, како продолжение на бојкотот што започна лани, кога Винисиус Жуниор не ја доби наградата, иако според клубот имал извонредна сезона.
Лани Реал Мадрид ја бојкотирал церемонијата на „Златна топка“ откако дознал дека наградата нема да му биде доделена на Винисиус. Тогаш Бразилецот заврши втор зад Родри од Манчестер Сити, што беше сфатено како неправда од страна на клубот и дел од медиумите, објави „ЕСПН“.
– Бојкотот се темели на тоа што клубот смета дека критериумите за избор на добитник се нејасни и пристрасни – објави порталот „АС“.
Иако Винисиус, заедно со Килијан Мбапе и Џуд Белингем, повторно се меѓу номинираните, клубот нема официјално присуство, иако не им е забрането на играчите лично да се појават.
Церемонијата ќе се одржи вечерва во Париз во 21 часот по македонско време. Датумот не му оди во прилог на клубот ниту од спортски аспект – Реал Мадрид веќе утре има тешко гостување во домашниот шампионат.
Tagged as:
И годинава нема златна топка за Винисиус
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
