Премиерот очекува победа на владината коалиција на локалните избори

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нема да одиме на предвремени парламентарни избори, владината коалиција ќе победи на локалните избори на 19 октомври, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите.

– Владата е стабилна и кохерентна, а владината коалиција ќе победи на овие локални избори – рече Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата има мандат од четири години, период за кој планира да ги реализира ветените проекти, а предвремните парламентарни избори ќе значат само нивно одложување за најмалку шест месеци.

– Како ВМРО-ДПМНЕ можеби би ни одговарале предвремени парламентарни избори, но ние не ги гледаме работите партиски, туку државнички. Ако одиме на избори сите проекти кои треба да ги имплементираме би имале стагнација од најмалку шест месеци – рече Мицкоски.

Прашан дали очекува да има проблеми на претстојните локални избори и зошто повторно некој игра на картата на национализмот, рече дека нема сознанија дека има индиции за планирани инциденти.

– Некој нема што да им понуди на изборите на граѓаните освен национализам, бидејќи ДУИ во измнинатите 22 години не може да се препозне по некој реализиран проект. Затоа е логично да играат на национализам зашто таму се навешти. Тие се ориентирани кон минатото, а ние кон иднината и кон реализацијата на ветените проекти – посочи Мицкоски.

Затоа, како што кажа, нема да водат негативна кампања за локалните избори, туку ќе се сконцентрираат на кампања со смирувачки тонови и на нудење на реално изводливи проекти, а не на она што било во минатото.

Share This Article