Една мајка сакаше да му подари на својот син совршено изненадување за роденден и му нарача фудбалска топка со името на неговиот идол, Кристијано Роналдо. Кога пакетот пристигна, таа остана без зборови.
Ема Хатон од Шефилд сакаше да му подари на својот син совршено изненадување за неговиот десетти роденден и му купи фудбалска топка со името на неговиот идол, Кристијано Роналдо. Плати 28 евра за топката од онлајн продавницата Тему. Но, кога пакетот конечно пристигна, забележа неочекувана грешка – наместо Роналдо, на топката пишуваше
На почетокот, мајката беше толку разочарана што му ја даде топката на семејното куче, но сепак одлучи да побара враќање на парите. „Глупаво му ја фрлив на кучето, но потоа се предомислив. Му испратив фотографии на Тему и тие веднаш ми ги вратија парите, без да морам да ја вратам топката“, изјави таа за британскиот Мирор.
И покрај првичното разочарување, синот ја прифати топката со радост и хумор, а семејството сега на шега го нарекува Кристијано Роналдо „Поналдо“.
Видеото од инцидентот, кое таа го сподели на TikTok, собра повеќе од 126.000 прегледи и бројни коментари. Многу корисници ја нарекоа ситуацијата урнебесна: „Навистина ми е жал, но ова е смешно“, напиша еден.
Портпарол на Temu додаде: „Би сакале да ѝ се заблагодариме на Ема за нејзината нарачка. Таа доби поврат на парите и се надеваме дека ќе продолжиме да соработуваме во иднина. Купците имаат право на 90-дневна гаранција за враќање на парите за артикли кои не се како што е опишано. Нашиот тим за корисничка поддршка е достапен 24/7.“
Во меѓувреме, многу корисници ги споделија своите позитивни искуства со Temu, а еден забележа: „Нарачав стотици работи и секогаш бев задоволна. Нарачав шкаф со пет фиоки и за цената мислев дека ќе биде лош – но беше неверојатен.“