Сојузот на стопански комори (ССК) ќе нуди конкретни решенија и предлози до Владата, максимално ќе се залага за интересите на компаниите и нивниот раст и секогаш ќе стои зад интересот на бизнисот, рече денеска новиот претседател на Горан Ѓорѓиевски.
Како што истакна Ѓорѓиевски на прес-конференција, за раст на БДП е неопходно покачување на продуктивноста, спроведување на процесот на дигитализација, поддршка на претприемништвото и иновациите, но и лесен пристап до финансии преку евтини кредити и сериозни грант шеми.
– ССК ќе формира комора за енергетика и рударство, но и посебна канцеларија за реализирање што поголем број проекти – напомена Ѓорѓиевски.
Многу е важна, рече тој, и едукацијата на кадрите.
Тој смета дека е значајно прелевањето на вработените од јавниот во приватниот сектор или во спротивно да се олесни увозот на работна сила.
Во однос на претходното раководство, информира дека ќе се прави ревизија.