Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 50-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 50–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 30.09.2025 година (вторник) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 49-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната програма за работа на ОУ „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2024/2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за успехот , поведението и редовноста на учениците на ОУ „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2024/2025 година
- Предлог – Одлуката за усвојување на Извештајот за финансиско работење на ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за период од 01.09.2024 до 15.08.2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОУ „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на есенски и пролетен излет на учениците од I до IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на еднодневна ескурзија за учениците од III одделение од ООУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за настава во природа за учениците од V одделение ОУ „Дебрца“ с.Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за дводневна научна ескурзија – VI одделение ООУ „Дебрца “ с.Белчишта за учебната 2025/2026 година
- Предлог – Мислење по Програмата за реализација на триневна научна ескурзија – IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2025/2026 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување
- Предлог – Одлука за давање донација на ЈЗУ Специјализирана болница за нефрологија – Струга
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски