Според анкета на Светскиот совет за злато спроведена на 73 централни банки покажа дека се очекува 95% од нив планираат да ги зголемат своите резерви на злато во текот на следните дванаесет месеци, додека речиси три четвртини се очекува да ги намалат своите резерви во долари.
Особен интерес за купување злато пројавуваат централните банки во Азија и на Блискиот Исток.
Извештајот на Советот за вториот квартал од годинава покажува дека Централните банки во овој квартал го намалиле темпото на купување злато. Тие купиле 166 тони во вториот квартал од 2025 година.
„И покрај ова забавување, купувањето на централните банки останува на значително покачени нивоа поради тековната економска и геополитичка неизвесност. Нашето годишно истражување на централните банки покажува дека 95% од менаџерите на резерви веруваат дека глобалните резерви на злато на централните банки ќе се зголемат во текот на следните 12 месеци“, се вели во Извештајот.
Вкупната понуда на злато во овој квартал е зголемена за за 3% на 1.249 тони, при што производството во руда достигна нов рекорд.
„Силните текови на инвестиции во злато во голема мера го поттикнаа кварталниот раст, бидејќи сè понепредвидливата геополитичка средина и ценовниот моментум ја одржаа побарувачката“ се вели во Извештајот.
Златото поскапи за 40% само оваа година, што ги одразува геополитичките тензии, очекувањата за висока инфлација и слабеењето на доларот.
Унца злато со тежина од 31,1 грам достигна рекордна цена од 3.699 долари пред два дена.