Новак Ѓоковиќ нема да игра на Лејвер Купот во Сан Франциско оваа година, иако Роџер Федерер лично го покани.
Ова ќе биде трет пат по ред најдобриот тенисер во светот да го пропушти ова егзибициско, но престижно натпреварување, објавува британскиот Мирор.
Федерер, еден од основачите на турнирот, претходно изјави дека би сакал да го види Ѓоковиќ во тимот на Европа заедно со Карлос Алкараз.
„Би сакал повторно да го видам Новак. Всушност, би сакал да игра со Алкараз“, рече Швајцарецот минатата година. Сепак, неговата желба нема да се исполни ниту овој пат.
Минатата година, тимот на Европа, предводен од Алкараз, Александар Зверев и Даниил Медведев, постигна победа, а оваа година имаат моќен состав. Алкараз, Зверев, Холгер Руне и Каспер Руд ќе играат за Европа, додека тимот на Светот ќе го предводат Тејлор Фриц, Алекс де Минаур и Франсиско Черундоло.
Причината за отсуството на Ѓоковиќ е јасна, тој сака да поминува повеќе време со своето семејство. Најодликуваниот тенисер во историјата сè повеќе нагласува дека повеќе нема да прави долгорочни планови и дека неговиот приватен живот станал приоритет.
„За прв пат во мојата кариера, немам никакви однапред планирани настапи. Живеам во моментот. По Кина и егзибицијата во Саудиска Арабија, искрено, не знам што е следно. Ќе видиме како ќе се чувствувам, а потоа ќе донесам одлука. Сакам да бидам со сопругата и децата, дел од нивното секојдневие, нешто што не сум можел да го правам долго време“, рече Ѓоковиќ.
Tagged as:
Ѓоковиќ мораше да го одбие Федерер нема да може да ја исполни желбата на Швајцарецот
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
