Каде има најдобри и најактивни кластери за иновацииШвајцарија по 15 пат е на е лидер според Глобалниот индекс на иновации за 2025 година на Светската организација за интелектуална сопственост

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Швајцарија по 15 пат е на е лидер според Глобалниот индекс на иновации за 2025 година на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO).

Со индексот  се опфатени 139 земји и 100 кластери за наука и технологија.

Шведска го задржа второто место, а САД се на третото место. Јужна Кореја на четврто место, Сингапур, е петти, Обединетото Кралство на шесто, Финска на седмо, Холандија на осмо, Данска на деветто и Кина на десетто место.

Кина влезе во првите 10 рангирани земји за прв пат и е единствената економија со среден приход во првите 10 земји според GII.

Во оваа група земји најбрзо растечки се Кина, Индија, Турција, Виетнам, Филипини, Индонезија, Мароко, Албанија и Иран, кои се рангирани меѓу првите 70 економии.

Седумнаесет економии со среден и низок приход имаат натпросечни резултати во иновациите во однос на нивното ниво на развој. Така, 15-та година по ред, Индија и Виетнам постигнаа резултати во областа на иновациите над очекувањата за нивното ниво на развој, по што следат Руанда и Украина.

Глобалниот индекс на иновации (GII) е водечка референца за мерење на иновативните перформанси на економиите и е изграден врз голем сет на податоци, односно збирка од 81 индикатор од меѓународни јавни и приватни извори. Притоа, ги мери иновациите врз основа на критериуми што вклучуваат институции, човечки капитал и истражување, инфраструктура, софистицираност на бизнисот, софистицираност на пазарот, резултати од знаењето и технологијата и креативни резултати.

Индексот ги идентификува и 100-те најдобри научни и технолошки кластери во светот.

Годинава најдобри на се:

- Advertisement -
Ad image
  • Шенжен–Хонг Конг–Гуангжу (Кина и Хонг Конг, Кина)
  • Токио–Јокохама (Јапонија).
  • Сан Хозе–Сан Франциско (САД),
  • Пекинг (Кина)
  • Сеул (Јужна Кореја).

Најинтензивна иновативна активност, пропорционално на густината на населението, се:

  • Кластер Сан Хозе-Сан Франциско (САД)
  • Кембриџ (Обединето Кралство)
  • Бостон-Кембриџ (САД)
  • Нингде (Кина)Оксфорд (Обединето Кралство).

Најдобрите 100 иновативни кластери се концентрирани во следниве економии:

  • Кина: втора година по ред, води со најмногу кластери (24)
  • Соединетите Американски Држави (22) со Сан Хозе-Сан Франциско како водечки кластер
  • Германија (7) со Минхен како водечки кластер. Индија (4) со Бенгалуру како најиновативен кластер
  • Обединетото Кралство (4) со Лондон како најзначаен кластер.

Оваа година, 10 кластери влегоа во топ 100 за прв пат:

- Advertisement -
Ad image
  • Мајами (67-мо), Феникс (78-мо) и Солт Лејк Сити (92-ро) во САД
  • Нингбо (93-то) и Нингде (99-то) во Кина
  • Даблин (71-во) во Ирска
  • Мексико Сити (79-то) во Мексико
  • Осло (85-то) во Норвешка
  • Хамбург (91-во) Германија и
  • Манчестер (94-то) во Велика Британија
Share This Article