Португалскиот фудбалски гигант Бенфика попладнево официјално го промовираше Жозе Мурињо во нов тренер на клубот од Лисабон
Мурињо (62) доаѓа на местото на Бруно Лаже, кој беше отпуштен по поразот на домашен терен (2-3) од Карабах во првото коло од Лигата на шампионите.
Според локалните медиуми, Мурињо и Бенфика договориле соработка до лето 2027 година.
Последниот тренерски ангажман на Португалецот Мурињо беше на клупата на турски во Фенербахче, каде беше отпуштен на почетокот на септември по елиминацијата од 1-0 од Бенфика во плејофот од Лигата на шампиони.
Мурињо по 25 години се враќа во Бенфика каде во 2000 година ја почна својата тренерска кариера во која два пати ја освои Лигата на шампиони, со Порто (2004) и Интер (2010).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
