Гостивар е една од општините избрани на повикот WiFi4WB (Wi-Fi за Западен Балкан) – иницијатива која ќе донесе бесплатен и брз интернет во јавните простори.
– Нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат полесно, побрзо и без трошоци, придобивајќи од оваа иновација која ја зајакнува нашата врска со дигиталниот свет – велат од Општината.
Оваа иницијатива се спроведува преку програмата EU4Digital Action, која е поддржана од Европската Унија и Германското сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ), а ја имплементира Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ).