Словенија официјално достави понуда до Хрватска за заедничка изградба на втора нуклеарна централа во Кршко, но содржината на предлогот значително отстапува од сегашниот модел за постојната нуклеарна централа, каде што двете земји имаат еднаков удел од 50%

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Словенија официјално достави понуда до Хрватска за заедничка изградба на втора нуклеарна централа во Кршко, но содржината на предлогот значително отстапува од сегашниот модел за постојната нуклеарна централа, каде што двете земји имаат еднаков удел од 50%, пишуваат хрватски Нови лист.

Според документот, на кој Хрватска мора да одговори до крајот на септември или најдоцна до почетокот на октомври, на Загреб му се нуди само 25% сопственост на идната електрана. Покрај тоа, хрватскиот партнер нема да има право да учествува во донесувањето клучни одлуки. Другата четвртина би ѝ припаѓала на словенечката државна компанија ГЕН, додека словенечката влада би имала контролен удел од 51%.

Се оценува дека најспорна ставка е дека Хрватска, и покрај сосопственоста, би била спречена да земе дел од произведената енергија. Наместо тоа, би добивала само една четвртина од профитот од продажбата на електрична енергија, која би се распределувала исклучиво на словенечкиот пазар.

Ова предизвика дискусија во експертската  јавхост во Хрватска.

– Хрватската страна треба да го отфрли таков непристоен предлог – изјави претседателот на Хрватското нуклеарно друштво Давор Гргиќ.

Според него, само заработката не е клучна за Хрватска.

– Не ни треба профит од продажбата на електрична енергија, туку ни треба електрична енергија што владата потоа може да ја користи, на пример, како субвенционирана енергија за социјално загрозените и слично – рече тој.

Неодамна хрватскиот и словенечкиот премиер се сретнаа во Виница и во таа пригода изразија подготвеност за заедничка изградба на нова нуклеарна централа. Детали за структурата на сопственост не беа споменати во тоа време.

Минатата недела, министерот за економија Анте Шушњар изјави дека „сака да никне нуклеарна централа на хрватска почва“.

- Advertisement -
Ad image

Само еден ден подоцна, прашањето за можна изградба на нуклеарна централа на местото на денешната термоцентрала Пломин веќе беше отворено во Парламентот. Претставникот на IDS, Далибор Паус, побара јасна потврда дали Владата ја разгледува таа опција.

Експертите потсетуваат дека единствената област за која постојат комплетни студии поврзани со изградба на нуклеарна централа е Привлака кај Иваниќ. Во времето на поранешна Југославија се разгледуваше и Ердут, каде што беше планирана нуклеарна централа под името „Славонија“, но проектот беше суспендиран по распадот на федерацијата.

-Различни опции се во игра и ниту една од нив не е дефинирана. Единственото нешто што е сигурно е дека Кршко ќе престане да работи во 2043 година и дека во следните 20 години Хрватска ќе мора внимателно да размисли, да се подготви и да одмери која е најдобрата опција за неа – Кршко 2, сопствена нуклеарна централа или серија мали реактори, и секој од нив е добар за Хрватска –  вели нуклеарниот експерт Тончи Тадиќ.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article