Саудиска Арабија и Пакистан потпишаа договор за меѓусебна одбрана, јавија пакистанските медиуми.
Според договорот, секоја агресија против која било земја ќе се смета за агресија против двете земји.
Во документот се потенцира дека тој претставува зајакнување на децениско безбедносно партнерство.
„Овој договор, кој ја потврдува заедничката посветеност на двете земји за зајакнување на безбедноста и за постигнување безбедност и мир во регионот и во светот, има за цел да развие аспекти на одбранбената соработка меѓу двете земји и да го зајакне меѓусебното одвраќање од агресија“, се вели во соопштението од канцеларијата на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.
Пакистан поседува нуклеарно оружје.