Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска, по повод годишнината од презентацијата на извештајот на поранешниот претседател на ЕЦБ, Марио Драги, за иднината на европската конкурентност, изјави дека Европската Унија ја губи конкурентноста и дека „бриселските бирократи сè уште не го сфаќаат тоа сериозно“.
„Пред една година, Марио Драги предупреди во Будимпешта дека конкурентноста на Европската унија е ’уништена’. Бирократите во Брисел не го сфаќаа тоа сериозно. Денеска, според Драги, ситуацијата е уште полоша. Брисел е на погрешен пат. Да продолжиме по својот, унгарски пат!“, напиша Орбан на Фејсбук, приложувајќи и фотографија со Драги.
Тој истакна дека во таков европски контекст, Унгарија мора да го одржи патот на развој и додаде дека тоа е можно.
Тој, исто така, потсети на најголемата програма за станбена изградба во историјата на Унгарија, како и на „даночната револуција“ која, според него, нема рамен во Европа.
– Наместо безумно да се исклучуваме од руската енергија, со паметно користење на зелената енергија успеавме да ги зачуваме субвенционираните цени на комуналните услуги – рече Орбан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
