Профил на Јутјуб кој објавува видеа направени со помош на модерни алатки за анимација на слики во видео објавува како изгледа типична Македонка според вештачка интелигенција.
Македонката производ на вештачка интелигенција е снимена на брегот на Охридското Езеро кај Свети Наум а облечена е во везена облека која ретко може да се види кај млади луѓе во Македонија.
Облеката на ,,вештачката” Македонка се базира на комбинација од традиционални македонски носии од различни краеви на Македонија.
Во видеото покрај вештачка Македонка се објавени и анимации на жени од Киргистан и Џибути.