Македонската тенисерка Лина Ѓорческа „тргна“ со победа на W75 турнирот во Куршумлијска Бања. Таа ја совлада Ели Шоп од САД со 2:0 во сетови (6:4; 7:6) во меч што траеше 2 часа и 15 минути.
Денешниот меч со квалификантката Шоп беше изедначен во двата сета. По шест одиграни гема резултатот беше 3:3, а единствениот брејк Ѓорческа го направи во седмиот гем и поведе со 4:3 за сетот да го заврши со 6:4 искористувајќи ја четвртата сет топка.
Во вториот сет ривалката направи брејк за водство од 2:0, но македонската тенисерка веднаш го врати загубениот гем на сервис и изедначи на 2:2. Нерешено беше до крајот на сетот, па победничката беше одлучена во тај брејкот. Ѓорческа имаше целосна контрола над гемот и поведе со 6:1 што ѝ донесе нова победа.
Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против Анастасија Золотарева.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
