Сакаат да им помогнам со трговијата, изјави шефот на САД

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Почесна гарда го дочека Доналд Трамп пред портите на замокот Виндзор, најголемата таква гарда некогаш распоредена за една државна посета, јави Би-Би-Си повикувајќи се на кралскиот коментатор Алистер Брус.

– Сакаат да видат дали можат малку да го доусовршат нашиот нов трговски договор и јас сакам да им помогнам во тоа – изјави Доналд Трамп, притоа потенцирајќи дека главната цел на патувањето е да го види својот пријател Чарлс.

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија слетаа во Обединетото Кралство и беа пречекани од принцот Вилијам и војвотката Кејт, по што следеше свечена церемонија со кралот Чарлс III и кралицата Камила во Виндзор. Делегациите беа придружени од процесија со коњски кочии, додека одекнуваа химните на двете држави.

 

 

На пат кон замокот, Трамп се возеше во  кочија со кралот. Првата дама на САД Меланија Трамп се возеше во друга кочија заедно со кралицата Камила. Во трета кочија беа принцот Вилијам и принцезата Кејт.

На бината пред замокот, Трамп салутираше додека почесната гарда маршираше пред него, придружен од кралскиот пар.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Иако најголем дел од посетата има церемонијален карактер, вклучувајќи банкeт со британската елита и прошетки низ Виндзор, предвидени се и разговори со премиерот Кир Стармер. Официјален Лондон порача дека клучните теми ќе бидат обврските кон НАТО и поддршката за Украина.

По средбата со кралот Чарлс, Трамп треба да отпатува во Чекерс, викенд-резиденцијата на британскиот премиер, по што се очекува да се врати во САД.

Кралот, според европски дипломатски извори, е запознаен со преговорите меѓу Русија и Украина и во неформални околности сака да го охрабри Трамп да го засили притисокот врз Владимир Путин за „мирот да не се одложува“. Иако протоколарно оддалечен од политиката, британскиот монарх се користи како мека сила во надворешната политика – кога облогот е голем.

- Advertisement -
Ad image

Покрај дипломатската агенда, посебен фокус овојпат е ставен на економската соработка. Објавен е договор вреден 42 милијарди долари (31 милијарда фунти), во кој најголем инвеститор ќе биде Microsoft со 22 милијарди фунти насочени кон вештачка интелигенција, квантноро компјутерство и нуклеарна енергија.

„Ова ќе создаде работни места за високо квалификувани луѓе и ќе донесе повеќе пари во џебовите на граѓаните“, соопшти кабинетот на Стармер.

И покрај ентузијазмот, Британија не доби отстапки за царините на челикот, кои остануваат 25%, иако многу други земји плаќаат дури 50%.

Покрај официјалните свечености, посетата не мина без протестен белег. Активисти проектираа огромна заедничка фотографија на Трамп и осрамотениот милијардер Џефри Епстајн на ѕидот од замокот. Епстајн, кој организирал педофилски мрежи, бил поврзан и со принцот Ендру, кој по скандалот остана без кралски титули.

 

Share This Article