Годишната стапка на инфлација во Европската Унија во август годинава изнесуваше 2,4%, со што остана непроменета во споредба со јули, како и во однос на истиот месец лани, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат.
На ниво пак на еврозоната, августовската стапка на инфлација била иста како и претходниот месец на ниво од 2,0%, што претставува намалување за 0,2 процентни поени во споредба со август 2024 кога таа изнесуваше 2,2%.
Најниска годишна стапка на инфлација минатиот месец од 0% е регистрирана во Кипар, по што следува Франција 0,8 и Италија со 1,6%.
Највисока инфлациска стапка бележи Романија и тоа од 8,5%, пред Естонија од 6,2 и Хрватска од 4,6%.
Во споредба со јули 2025 година, августовската годишна стапка на инфлација се намалила во девет земји членки на ЕУ, во четири останала непроменета, а во 14 држави бележи зголемување.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
