Во српското селото Мазгош кое се наоѓа во близина на Димитровград ќе се отвори рудник или отворен коп за експлоатација на јаглен. Деталниот план за регулирање на полето Мазгош, вклучува 21,9 хектари и речиси 200 парцели земјиште, кои се главно ниви, ливади, овоштарници и пасишта, објавија српските медиуми.
Изработката на овој план беше одобрена од Општинското собрание на Димитровград во 2024 година, а на иницијатива на инвеститорот „Вуковиќ Бенц“ од Нови Сад.
Површината ги вклучува постојните, сертифицирани резерви на јаглен во наоѓалиштето Ќутучи. Тие го опфаќаат источниот дел од јагленовиот басен Мазгош и се протегаат источно од селото Мазгош до државната граница со Бугарија, на површина од 554.871 м2.
Од 21,9 хектари, близу 12 хектари ќе бидат наменети за експлоатација, четири хектари за депонија и пет хектари за заштитно зеленило.
Предвидени се и мерките што инвеститорот мора да ги преземе за да ја заштити животната средина и животот на жителите.