Лозарите да не стравуваат ќе се откупат сите произведени количини на грозје во земјава и оние дополнителните

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лозарите да не стравуваат ќе се откупат сите произведени количини на грозје во земјава и оние дополнителните. Договорени се неколку винарници кои ќе ги откупат дополнителните количини, изјави денеска министерот за земјоделство Цветан Трипуновски по средбата со лозарите во Кавадарци.

Годинава приносите на грозје се повисоки од договорените количини за откуп, па лозари се плашат дека дополнителните количини на грозје нема да им бидат откупени.

-„Вардар винарија“ ќе ги собере дополнителните количини грозје во тиквешкиот регион каде што ќе откупуваат и „Винарија Охрид“ и и „Мовина“. „Мако импекс“ ќе ги собира дополнителните количини од  Валандово и тој дел од земјата, а „Мако винари“ ќе откупува во светиниколско. Останатите винарии продолжуваат со откупот на „вранецот“. Точно е дека имаме поголемо производство на грозје, но сите количини ќе бидат откупени – рече Трипуновски.

Тој информира дека досега се откупени повеќе од 78 милиони килограми грозје. Од ни 35 милини килограми се од црвено и црно  грозје и околу 40 милиони килограми бело грозја.

Трипуновски не го кажа податокот на грозјето што се извезува бидејќи , како што рече, тоа го следи инспекторатот за земјоделство.

Тој рече дека за зголемување на приносите придонело тоа што во летниот период беше овозможено редовно да се наводнуваат.

Share This Article