Уставниот суд денеска ќе расправа дали е уставно Државната изборна комисија наместо Собранието да определи со колку потписи од граѓаните треба да се поддржи нечија кандидатура на локалните избори

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Уставниот суд денеска ќе расправа дали е уставно Државната изборна комисија наместо Собранието да определи со колку потписи од граѓаните треба да се поддржи нечија кандидатура на локалните избори, откако ДИК со правилник утврди дека се потребни само 2 потписа.

Судиите ќе дискутира за иницијативата за оценка на уставноста и законитоста на Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од ДИК.

Подносители на иницијативата до Уставниот суд се Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов.

Во иницијативата поднесена од Здружението „Светски македонски конгрес“ подносителот наведува дека со донесување на оспорениот Правилник е направена повреда на Изборниот законик и член 8 став 1 алинеја 3 и 5, членовите 22, 23, 51, 54, 61 и 68 став 1 алинеја 2 од Уставот. Подносителот тврди дека иако изборните рокови се во тек, ДИК постапила надвор од своите овластувања и со подзаконски акт пропишала услови за остварување на избирачко право на граѓаните да учествуваат во вршење на јавни функции.

Во иницијативата поднесена од Стевче Стојанов е наведено дека со оспорениот Правилник се повредени член 8 став 1 алинеја 3, членовите 51, 61 и 68 став 1 алинеја 2 од Уставот. Според наведеното во иницијативата, во точка 4 од Правилникот, Државната изборна комисија уредила норма за поддршка на кандидатска листа за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник поднесени од „група избирачи” која треба да биде потпишана од најмалку двајца избирачи и со тоа уредување, ДИК излегла надвор од законските рамки и се ставила во улога на законодавач.

Правилникот го предложи членот на ДИК, Александар Даштевски повикувајќи се на членот 63 од Изборниот законик кој, како што рече не е укинат, а ја регулира постапката за собирање потписи за предлагање кандидати, иако членот 62 кој се однесува на локалните избори Уставниот суд го укина.

Дел од независните кандидати денеска реагираат на социјалните мрежи дека може да се донесе одлука која ќе им го забрани учеството на изборите. Најиронично е што оваа одлука се носи после истекот на сите рокови кои ДИК ги определи за поднесување на кандидатурите, додаваат тие. Независните се прашуваат дали е можно тоа сценарио и што потоа.

Share This Article